ДРАМАТИЧЌНА ТРКА ВО АЗЕРБЕЈЏАН

Хамилтон го освои Баку: Си ги зема сите „подароци" од конкуренцијата

Луис Хамилтон е победникот на 4. Трка од Формула 1 која се возеше во Азербејџан

објавено: 29 април 2018 - 16:16

До победата Британецот дојде најмалку поради своето добро возење, а многу повеќе поради малерите и грешките на останатите возачи.

Ова е негов прв триумф во оваа сезома, или вкупно 63. во кариерата.
Второто место му припадна на Кими Раиконен од Ферари, додека пак на третото место на подиумот се искачи возачот на Форс Индија, Серхио Перез.
Веќе во првиот круг безбедносното возило излезе на патетката. А Окон и Сироткин уште тогаш ја завршија трката. Раиконен продолжи да вози со оштетен болид, а не баш добро помина Фернандо Алонсо, иако продолжи да се трка.
Себастијан Фетел ја предводеше колоната во тие шест круга, а кога безбедносното возило се тргна, Ферстапен и Саинс го претекнаа Рикијардо.
Дете кругови пред крајот, Ферстапен повторно беше пред својот клупски колега, ги затофраше сите линии, а на крајот Рикијардо се удри силно во него, по што трката беше завршена за двајцата.
Уште еднаш на патеката се појави безбедносното возило, а најмногу искористи Валтери Ботас, кој се искачи на првото место.
Кога трката конечно продолжи, неполни четири круга пред целта, Фетел се обиде да го претекне Ботас. Но направи огромна грешка, Германецот лошо влезе во кривината, и им дозволи на Хамилтон и на Раиконен да се најдат пред него.
Ботас имаше голем пех два круга подоцна, кога му се дупна гумата и мораше да се повлече. Па првото место го зазема Хамилтон, следен од Раиконен, Серхио, Перез и Фетел.

 

Најново во Авто-мото