ЗАВРШИ ЛЕТНАТА ПАУЗА, СИТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА КЛАСИКАТА ВО СПА

Хамилтон го победи Кими на вториот тренинг

Луис Хамилтон имаше совршен старт на 200. ГП трка, со најдобро време на вториот тренинг пред Белгиското ГП во Спа, победувајќи го најдобриот од утринската сесија, Кими Раиконен во Ферари

објавено: 25 август 2017 - 16:04

Асот на Мерцедес беше за 0.262 секунди побрз од Раиконен, додека трет беше Валтери Ботас во вториот Мерцедес. Себастијан Фетел, кој има 14 поени предност пред Хамилтон во генерален пласман беше петти најбрз со 0.482 секунди послабо време, откако Макс Ферстапен во Ред Бул го совлада за 0.01 секунди.

Хамилтон беше во топ-форма цел ден, и иако беше втор зад Раиконен во првата сесија, разликата беше само 0.053 секунди, а возачот на Мерцедес своето најдобро време го постави на најспорите гуми, додека Раиконен беше на ултра-меки.

Сепак, на ткн. возења со симулирање на трка, кога тимовите ги имаат полни своите резервоари, Фетел беше во просек за 0.7 секунди побрз од Хамилтон, иако се очекува брзата патека да одговара на побрзиот мотор на Мерцедес. 

Најново во Авто-мото