МЕРЦЕДЕС СО 1-2 ПОБЕДА НА КАНАДСКОТО ГП

Хамилтон го врати „ударот“ во Монтреал

Луис Хамилтон и Мерцедес уште не ја загубија битката за светската титула. Тоа е јасно по Канадското ГП, на кое Англичанецот ја забележа шеста победа во Монтреал пред колегата Валтери Ботас за да ја намали предноста на Себастијан Фетел во генерален пласман

објавено: 11 јуни 2017 - 21:43

Хамилтон немаше проблеми во текот на цела трка, за да заврши со над 18 секунди предност пред Ботас, додека подиумот го комплетираше Даниел Рикијардо во Ред Бул.

Лидерот во генерален пласман сочува дел од предноста во генерален пласман со четвртото место изборено во последните кругови од трката во директен дуел со најголемото изненадување на трката, двоецот на Форс Индија, Серхио Перез и Естебан Окон. Кими Раиконен беше седми во лоша трка за Ферари, додека поеји освоија и Нико Хулкенберг во Рено, домашниот миленик на Вилијамс, Ленс Строл и Роман Грожан во Хас.

Фернандо Алонсо, во своето враќање во Ф1 по настапот на Индијанаполис 500, беше во позиција да го донесе првиот поен за Мекларен на 10. место, но неверојатно неговиот мотор откажа во претпоследниот круг.

Хамилтон остана на првото место по стартот, кој беше одбележан со фантастичниот старт на Макс Ферстпен, кој изби на второто место од надворешната страна на Валтери Ботас и Себастијан Фетел на прват кривина.

Меѓутоа, левата задна гума на Ферстапен удри во предното крило на Фетел,  кој по пет круга мораше во боксот и падна на 18. место. Првиот круг беше одбележан и со безбедносното возило, откако Карлос Саинц го „закачи“ Роман Грожан и го прати директно во Вилијамсот на Фелипе Маса.

Добрата среќа не го следеше Ферстапен, кој се откажа во 11. круг поради проблеми со „батеријата“ во хибридниот систем.

За разлика од ривалите, Ферари се решија на стратегија со две влегувања во боксот во двата болиди.

 

КАНАДСКО ГП

1.Луис Хамилтон (Мерцедес)

2.Валтери Ботас (Мерцедес) +19.783

3.Даниел Рикијардо (Ред Бул) +35.297

4.Себастијан Фетел (Ферари) +35.907

5.Серхио Перез (Форс Индија) +40.476

6.Естебан Окон (Форс Индија) +40.716

7.Кими Раиконен (Ферари) +58.632

8.Нико Хулкенберг (Рено) +1:00.374

9.Ленс Строл (Вилијамс) +1 круг

10.Роман Грожан (Хас) +1 круг

11.Џолион Палмер (Рено) +1 круг

12.Кевин Магнусен (Хас) +1 круг

13.Маркус Ериксон (Заубер) +1 круг

14.Штофел Фандорне (Мекларен) +1 круг

15.Паскал Верлајн (Заубер) +2 круга

НЕ ЗАВРШИЈА

16.Фернандо Алонсо (Мекларен)

17.Данил Квјат (Торо Росо)

18.Макс Ферстпен (Ред Бул)

19.Фелипе Маса (Вилијамс)

20.Карлос Саинц (Торо Росо)

 

ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН

ВОЗАЧИ

1.Себастијан Фетел (Ферари) 141

2.Луис Хамилтон (Мерцедес) 129

3.Валтери Ботас (Мерцедес) 93

4.Кими Раиконен (Ферари) 73

5.Даниел Рикијардо (Ред Бул) 67

6.Макс Ферстпен (Ред Бул) 45

7.Серхио Перез (Форс Индија) 44

8.Естебан Окон (Фор Индија) 27

9.Карлос Саинц (Торо Росо) 25

10.Фелипе Маса (Вилијамс) 20

11.Нико Хулкенберг (Рено) 18

12.Роман Грожан (Хас) 10

13.Кевин Магнусен (Хас) 5

14.Паскал Верлајн (Заубер) 4

15.Данил Квјат (Торо Росо) 4

16.Ленс Строл (Вилијамс) 2

КОНСТРУКТОРИ

1.Мерцедес АМГ 222

2.Скудерија Ферари 214

3.Ред Бул Рејсинг ТАГ Хојер 112

4.Форс Индија Мерцедес 71

5.Скудерија Торо Росо Рено 29

6.Вилијамс Мерцедес 22

7.Рено Ф1 18

8.Хас Ферари 15

9.Заубер Ферари 4

10.Мекларен Хонда 0

Најново во Авто-мото