МЕРЦЕДЕСИТЕ НАЈБРЗИ НА ТРЕНИНГОТ

Хамилтон и Ботас доминираа на Каталуња

Возачите на Мерцедес ќе тргнат од првиот ред на утрешната трка во Барселона, зад нив се двете Ферарија

објавено: 12 мај 2018 - 16:09

Луис Хамилтон од Мерцедес со рекорд на патеката ја освои пол-позицијата и утре прв ќе тргне на трката за Големата награда на Шпанија, која се вози на патеката Каталуња во Барселона. До Хамилтон ќе биде неговиот клупски колега Ватери Ботас. Од третото и четвртото место ќе тргнат возачите на Ферари, Себастијан Фетел и Кими Раиконен, кои на официјалниот тренинг имаа времиња со мали заостанувања зад двајцата најбрзи, па утре може да има интересна трка. Од третиот ред стартуваат двата возачи на Ред Бул, а Шпанецот Фернандо Алонсо, кој има многу фанови во Барселона, со својот Мекларен имаше добар пласман и ќе тргне од осмата позиција, 

Најново во Авто-мото