ЕДЕН-ДВА ПОБЕДА ЗА ВОЗАЧИТЕ НА МЕРЦЕДЕС

Хамилтон и Ботас „се прошетаа“ низ Каталуња

Големата награда на Шпанија за дуетот на Мерцедес, ново разочарување за Ферари

објавено: 13 мај 2018 - 17:17

Британецот Луис Хамилтон дојде до 64. победа во кариерата во Формула 1, откако од почеток до крај доминираше на патеката Каталуња, за големата награда за Шпанија. Зад него се најде клупскиот колега Ватери Ботас, а подиумот го комплетираше Макс Верстапен. Возачите на Ферари кои тргнаа од третото односно четвртото место, имаа разочарувачки ден. Кими Раиконен не ја заврши трката, се откажа во 26 круг, а Себастијан Фетел беше втор до второто влегување во бокс, а менувањето на гумите го чинеше две позиции подолу. 

Во генералниот пласман, води Хамилтон со 95 бода, Фетел има 78, додека Ботас има 58. 

Најново во Авто-мото