РЕД БУЛ СО ПРВА ПОБЕДА ОВАА СЕЗОНА НА „ЛУДАТА“ ТРКА

Хамилтон и Фетел се „тепаа“, Рикијардо победи во Баку (ОБНОВЕНО)

Даниел Рикијардо успеа да стигне до прва победа за Ред Бул Рејсинг оваа сезона на хаотичното Азебејџанско ГП, кое ќе остане забележано со „прегревањето" на ривалството меѓу конкурентите за титулата, Луис Хамилтон и Себастијан Фетел

објавено: 25 јуни 2017 - 17:11

Рикијардо успеа да остане смирен по прекинот на трката и на крајот да триумфира пред Валтери Ботас во Мерцедес и сензационалниот дебитант на Вилијамс, Ленс Строл, додека Себастијан Фетел во Ферари извлече најмногу по сите проблеми со четвртото место пред Луис Хамилтон и минимално зголемување на предноста во генерален пласман. Ботас успеа да го мине Строл, 19-годишниот возач на Вилијамс во последните метри пред целта.

Сепак, трката ќе внесе и поинаков „жар“ во борбата за титулата, откако Хамилтон и Фетел имаа конфликт на патеката, кој на крајот резултираше со казна за Фетел. Германецот доби казна од 10 секунди за конфликтот зад безбедносното возило. Пред вториот ре-старт на трката, Хамилтон неочекувано успори на излезот на15-тата кривина и Фетел удри во него, добивајќи оштетено предно крило и јавувајќи се преку радиото: „Тој се обидуваше да ме тестира под сопирачки“.

Фетел гестикулираше со рацете, по што дојде до страната на Хамилтон и сврте кон него. „Тој дојде до мене и само ме удри!“, реагираше Хамилтон. Фетел го смени крилото додека беше црвеното знаме во 24-тиот круг. Тој ја доби казната во 32. круг, по што се прашуваше: „Кога јас возев опасно?“.

Иронично, откако тој ја отслужи казната, се врати пред Хамилтон, кој мораше да влезе во боксот за да се поправи неговиот наслон за главата.

Трката беше хаотична од самиот почеток, кога Валтери Ботас и Кими Раиконен се судрија во борба за второто место. Раиконен заврши во ѕидот оштетувајќи го болидот, Ботас има дупната гума, а Фетел скокна на второто место, а Перез беше трет пред Ферстапен.

Болидот на Данил Квјат остана на патеката со прегреани сопирачки, по што на патеката излезе безбедносното возило. Макс Ферстапен се откажа поради проблеми со моторот додека се бореше за третото место.

Рикијардо повторно влезе во боксот и се врати на свежи гуми излегувајќи на 10. место. Само три круга подоцна, трката беше прекината поради премногу остатоци од болидите на патеката.

Ре-стартот не разочара, откако Хамилтон едвај остана лидер, а Рикијардо скокна од 5. до 3. место.  Потоа следуваа проблемите на Хамилтон и казната на Фетел, по која Рикијардо стана лидер пред Строл и Окон.

АЗЕБЕЈЏАН ГП

1.Даниел Рикијардо (Ред Бул) 2:03:55.570

2.Валтери Ботас (Мерцедес) +3.904

3.Ленс Строл (Вилијамс) +4.009

4.Себастијан Фетел (Ферари) +5.976

5.Луис Хамилтон (Мерцедес) +6.188

6.Естебан Окон (Форс Индија) +30.298

7.Кевин Магнусен (Хас) +41.753

8.Карлос Саинц Јуниор (Торо Росо) +49.400

9.Фернандо Алонсо (Мекларен) +59.551

10.Паскал Верлајн (Заубер) +1:29.093

11.Маркус Ериксон (Заубер) +1:31.794

12.Штофел Фандорне (Мекларен) +1:32.160

13.Роман Грожан (Хас) +1 круг

14.Кими Раиконен (Ферари) +5 круга

НЕ ЗАВРШИЈА

15.Серхио Перез (Форс Индија) +12 круга

16.Фелипе Маса (Вилијамс) +26 круга

17.Нико Хулкенберг (Рено) +27 круга

18.Макс Ферстапен (Ред Бул) +39 круга

19.Данил Квјат (Торо Росо) +42 круга

20.Џолион Палмер (Рено) +44 круга

 

ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН

ВОЗАЧИ

1.Себастијан Фетел (Ферари) 153

2.Луис Хамилтон (Мерцедес) 139

3.Валтери Ботас (Мерцедес) 111

4.Даниел Рикијардо (Ред Бул) 92

5.Кими Раиконен (Ферари) 73

6.Макс Ферстапен (Ред Бул) 45

7.Серхио Перез (Форс Индија) 44

8.Естебан Окон (Форс Индија) 35

9.Карлос Саинц Јуниор (Торо Росо) 29

10.Фелипе Маса (Вилијамс) 20

11.Нико Хулкенберг (Рено) 18

12.Ленс Строл (Вилијамс) 17

13.Кевин Магнусен (Хас) 11

14.Роман Грожан (Хас) 10

15.Паскал Верлајн (Гер) 5

16.Данил Квјат (Торо Росо) 4

17.Фернандо Алонсо (Мекларен) 2

КОНСТРУКТОРИ

1.Мерцедес АМГ 250

2.Скудерија Ферари 226

3.Ред Бул Рејсинг ТАГ Хојер 137

4.Форс Индија Мерцедес 79

5.Вилијамс Мерцедес 33

6.Скудерија Торо Росо Рено 33

7.Хас Ферари 21

8.Рено Ф1 18

9.Заубер Ферари 5

10.Мекларен Хонда 2

Најново во Авто-мото