БРИТАНЕЦОТ Е НОВ ЛИДЕР ВО ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН

Хамилтон и Мерцедес „парадираа“ во дворот на Ферари (ОБНОВЕНО)

Луис Хамилтон стигна до импресивна и доминантна победа на Италијанското ГП во Монца, победувајќи го колегата Валтери Ботас, за да го „симне" од првото место во генерален пласман Себастијан Фетел и тоа во домашната трка на Ферари

објавено: 3 септември 2017 - 15:28

Хамилтон стартуваше од пол-позицијата и во ниту еден момент неговото водство не беше неизвесно, за да комплетира совршен викенд откако во саботата стана рекордер со 69 пол-позиции. Иако се очекуваше дека Мерцедес ќе имаат доминација во Монца, сепак, таа нема добро да им дојде на илјадниците тифози кои беа разочарани од слабата трка за Ферари.

Хамилтон сега е три поени пред Фетел во генерален пласман, но Скудерија може да се надева на многу подобра следна трка во Сингапур.

Даниел Рикијардо со фантастична трка од 16. место на стартот скокна на четвртото место, но подиумот беше недостижен, додека по него следуваше Естебан Окон (Форс Индија) и Ленс Строл (Вилијамс), кои инаку стартуваа од третото, односно второто место. Фелипе Маса беше осми за Вилијамс пред Серхио Перез во Форс Индија, додека Макс Ферстапен по судирот со Фелипе Маса на стартот на трката, на крајот го освои последниот поен. Двајцата возачи на Мекларен-Хонда не стигнаа до целта.

  

Хамилтон имаше добар старт, спречувајќи го обидот на Ленс Строл да го помине пред првата кривина, додека возачот на Вилијамс го загуби второто место од Естебан Окон. Зад нив, Ботас се удри со тркалата со колегата Кими Раиконен, за на крајот да го помине за четврто место.

Раиконен бргу ја врати позицијата, но Ботас ја покажа моќта на моторот на Мерцедес за на „Параболика“ да го помине Финецот. Ботас потоа во следните три круга ги помина и Строл и Окон, за да дојде на второто место зад клупскиот колега.

Рикијардо од 16. место извозе долг период на „меки“ гуми за да го помине Раиконен во финишот на трката за четвртото место.

 

ИТАЛИЈАНСКО ГП

1.Луис Хамилтон (Мерцедес)

2.Валтери Ботас (Мерцедес)

3.Себастијан Фетел (Ферари)

4.Даниел Рикијардо (Ред Бул)

5.Кими Раиконен (Ферари)

6.Естебан Окон (Форс Индија)

7.Ленс Строл (Вилијамс)

8.Фелипе Маса (Вилијамс)

9.Серхио Перез (Форс Индија)

10.Макс Ферстапен (Ред Бул)

11.Кевин Магнусен (Хас)

12.Данил Квјат (Торо Росо)

13.Нико Хулкенберг (Рено)

14.Карлос Саинц Јуниор (Торо Росо)

15.Роман Грожан (Хас)

16.Паскал Верлајн (Заубер)

НЕ ЗАВРШИЈА

17.Фернандо Алонсо (Мекларен)

18.Маркус Ериксон (Заубер)

19.Штофел Фандорне (Мекларен)

20.Џолион Палмер (Рено)

ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН
ВОЗАЧИ
1.Луис Хамилтон (Мерцедес) 238
2.Себастијан Фетел (Ферари) 235
3.Валтери Ботас (Мерцедес) 197
4.Даниел Рикијардо (Ред Бул) 144
5.Кими Раиконен (Ферари) 138
6.Макс Ферстапен (Ред Бул) 68
7.Серхио Перез (Форс Индија) 58
8.Естебан Окон (Форс Индија) 55
9.Карлос Саинц Јуниор (Торо Росо) 36
10.Нико Хулкенберг (Рено) 34
11.Фелипе Маса (Вилијамс) 31
12.Ленс Строл (Вилијамс) 24
13.Роман Грожан (Хас) 24
14.Кевин Магнусен (Хас) 11
15.Фернандо Алонсо (Мекларен) 10
16.Паскал Верлајн (Заубер) 5
17.Данил Квјат (Торо Росо) 4
18.Штофел Фандорне (Мекларен) 1
КОНСТРУКТОРИ
1.Мерцедес АМГ 435
2.Скудерија Ферари 373
3.Ред Бул Рејсинг ТАГ Хојер 212
4.Форс Индија Мерцедес 113
5.Вилијамс Мерцедес 55
6.Скудерија Торо Росо Рено 40
7.Хас Ферари 35
8.Рено Ф1 34
9.Мекларен-Хонда 11
10.Заубер Ферари 5

Најново во Авто-мото