ИНТЕРЕСНА БЕШЕ ТРКАТА НА ПАТЕКАТА „ХУНГАРОРИНГ“

Хамилтон ита кон нова титула, Ботас ги удираше Фетел и Рикиардо

Британецот триумфираше на големата награда за Унгарија, 

објавено: 29 јули 2018 - 16:56

Луис Хамилтон триумфираше на трката за големата награда на Унгарија. за Британецот ова е 67 победа во кариерата, а рекордна шеста на оваа патека. Со овој триумф, Хамилтон направи уште еден чекор напред кон нова титула во Ф1 шампионатот. 

Најголемиот ривал на Хамилтон, Себастијан Фетел заврши на второто место, додека на третото место од победничкиот пиедестал се најде Кими Раиконен. Даниел Рикиардо беше четврти, а Валтери Ботас заврши на петото место. 

Во текот на целата трка Хамилтон беше сигурен, а голема помош имаше од Ботас, кој поголемиот дел од трката беше на второто место и му го „чуваше грбот“. Во последните неколку кругови Ботас дури и по цена да ги удира противиците не дозволуваше да биде претркан. 

Ботас најпрво имаше контакт со Фетел, а потоа и со Рикиардо, но за среќа ниту еден од овие три возачи не излета и сите ја завршија трката.

Во генералниот пласман Хамилтон е лидер со 213 бодови, а Фетел со 189 поени е единствениот кој му е ривал во трката за шампионскиот трофеј. 

 

Најново во Авто-мото