БРИТАНЕЦОТ УБЕДЛИВО НАЈБРЗ ВО ЈАПОНИЈА

Хамилтон ја освои пол позицијата на Сузука

За возачот на Мерцедес ова е вкупно 71 најдобро возење во квалификациите

објавено: 7 октомври 2017 - 09:13

Луис Хамилтон ќе стартува од пол позицијата на утрешната трка за големата награда на Јапонија, која ќе се вози за патеката Сузука. Хамилтон имаше одлично возење во квалификациите и со најдобро време на патеката се избори да стартува како прв.

Британецот еден круг извозе со време од 1:27:314 минута, што беше за три десетинки подобро време од неговиот клупски колега Ботас, кој ќе биде веднаш до него во првиот ред. Зад двата Мерцедеси, следува возачот на Ферари, Себастијан Фетел кој ќе биде од третата позиција. 

Потоа на стартноцелната линија ќе се наредат Рикардо како четврти, па Ферстапен, Раиконен, Окон, Перез, Маса и Алонсо. Трката на Сузука ќе започне утре со почеток во 7 часот. 

Најново во Авто-мото