ПРЕГОВОРИТЕ „ЗАМРЗНАТИ“ ДОДЕКА ТРАЕ БОРБАТА ЗА ТИТУЛАТА

Хамилтон ќе почека за нов договор со Мерцедес

Мерцедес ќе ги одложи сите преговори со Луис Хамилтон околу продолжување на договорот се додека не се реши борбата за титулата оваа сезона

објавено: 31 август 2017 - 10:30

Сегашниот договор на Британецот завршува на крајот ан 2018 година, но последните шпекулации велат дека тој сака продолжување на соработката. Откако Себастијан Фетел се обврза со Ферари до 2020 година, стана логично Мерцедес и Хамилтон да го продолжат супер-успешното партнерство. Сепак, шефот Тото Волф вели дека нема брзање.

„Нашите односи се многу добри и мислам  дека добро се разбираме. Но, ова не е тема за сега, пред сите важни трки од сезоната. Ова е интензивна последна третина од годината, и кога ќе ја поминеме целта, ќе разговараме“, изјави Волф, кој потврди дека и колегата на Хамилтон, Валтери Ботас уште нема нов договор.

Најново во Авто-мото