МЕРЦЕДЕС СИ ЈА ЗАВРШИЈА ДОМАШНАТА РАБОТА

Хамилтон најбрз на првиот ден тестирање во Бахреин

Асот на Мерцедес, Луис Хамилтон и покрај проблемите на стартот на сесијата беше најбрз на првиот ден тестирање во Барселона

објавено: 18 април 2017 - 17:44

Откако стартот на сесијата беше одложен 10 минути за официјалните лица да можат да ги поместат конетејнерите од излезот на боксот, Хамилтон по 15 минути предизвика црвено знаме со застанување на патеката. Проблемот со електрониката беше решен и Хамилтон на крајот постави време од 1:31.358 во последниот час за да заврши со 0.626 секунди предност пред тест-возачот на Ферари, Антонио Џовинаци.

Лидерот во генерален пласман, Себастијан Фетел работи на гумите на Пирели за 2018, така што не смееше да вози со развојни делови на болидот, и Џовинаци ја имаше главната работна задача на Скудерија.

Даниел Рикијардо, кој работеше на аеродинамичката програма на Ред Бул, беше трет најбрз иако му откажа моторот на Рено на стартот на попладневната сесија. Четврт беше Роман Грожан во Хас, пред Фелипе Маса (Вилијамс) и Нико Хулкенберг (Рено).

Тестирањето продолжува и утре.

БАХРЕИН - 1.ДЕН

1.Луис Хамилтон (Мерцедес) 1:31.358, 97 круга

2.Антонио Џовинаци (Ферари) +0.626, 93 круга

3.Даниел Рикијардо (Ред Бул) +0.991, 45 круга

4.Роман Грожан (Хас), +1.094, 87 круга

5.Фелипе Маса (Вилијамс) +1.151, 56 круга

6.Нико Хулкенберг (Рено) +2.266, 74 круга

7.Ленс Строл (Вилијамс) +2.371, 35 круга

8.Шон Гелел (Торо Росо) +2.527, 78 круга

9.Себастијан Фетел (Ферари) +2.536, 89 круга

10.Алфонсо Селис (Форс Индија) +2.581, 70 круга

11.Маркус Ериксон (Заубер) +3.192, 106 круга

12.Оливер Тарви (Мекларен) +3.653, 17 круга

Најново во Авто-мото