ЗАВРШИ ПРВИОТ ДЕН ЗИМСКО ТЕСТИРАЊЕ

Хамилтон најбрз во Барселона, кошмар за Мекларен-Хонда

Трикратниот светски шампион Луис Хамилтон ја започна сезоната 2017 со најдобро време на првиот ден од тестирањето во Барселона, победувајќи го Себастијан Фетел во Ферари, во ден во кој Мекларен имаа големи проблеми со моторот на Хонда

објавено: 27 февруари 2017 - 18:34

Хамилтон, кој го замени неговиот нов колега во Мерцедес, Финецот Валтери Ботас во попладневната сесија според планот на тимот, имаше време од 1:21.765 на меки гуми, што е точно една секунда побрзо од најдоброто време поставено на минатогодишното тестирање и побрз од неговото време за пол-позиција (1:22.000), со што имаме показател дека новите болиди ќе бидат драматично побрзи.

Хамилтон возеше со модифициран болид со „перка на ајкула“, а Мерцедес вкупно комплетираше 152 кругови. Ботас беше шести најбрз со 79 круга, иако тој возеше само со „средни“ гуми.

Себастијан Фетел имаше ветувачки старт за Ферари, со над 100 кругови (128) и заврши само 0.113 секунди зад Хамилтон и тоа на „средни“ гуми.

Јасни проблеми имаа Мекларен, кои со Фернандо Алонсо пред паузата за ручек имаа само еден комплетиран круг поради проблеми со маслото во моторот. Алонсо излезе пак на патеката во попладнето за да заврши со 29 круга по осум часа работа.

РЕЗУЛТАТИ (БАРСЕЛОНА, 1.ДЕН)

1.Луис Хамилтон (Мерцедес) 1:21.765, 73 круга

2.Себастијан Фетел (Ферари) 1:21.878, 126 круга

3.Фелипе Маса (Вилијамс) 1:22.076, 103 круга

4.Кевин Магнусен (Хас) 1:22.894, 50 круга

5.Даниел Рикијардо (Ред Бул) 1:22.926, 39 круга

6.Валтери Ботас (Мерцедес) 1:23.169, 79 круга

7.Серхио Перез (Форс Индија) 1:23.709, 39 круга

8.Карлос Саинц (Торо Росо) 1:24.494, 51 круг

9.Нико Хулкенберг (Рено) 1:24.784, 57 круга

10.Фернандо Алонсо (Мекларен) 1:24.852, 29 круга

11.Маркус Ериксон (Заубер) 1:26.841, 72 круга

Најново во Авто-мото