БРИТАНЕЦОТ ЗАСЕГА „ВЕРЕН“ НА „СРЕБРЕНАТА СТРЕЛА“

Хамилтон не верува дека ќе вози за Ферари

Луис Хамилтон не ја отфрла можноста во иднина да вози за Ферари, откривајќи дека е „голем фан" на тимот, но вели дека не може да се замисли во тим кој не се вика Мерцедес

објавено: 23 јуни 2017 - 20:30

По една деценија без светска титула и три години апсолутна доминација на Мерцедес, италијанскиот тим, конечно, стана главен фаворит за титулата заедно со „Сребрената стрела“. Иднината на Хамилтон веќе беше тема оваа недела, откако тој мораше да ја разјаснува изјавата дека би можел да се откаже на крајот на сезоната.

„Во моментов не размислувам за тоа да возам за нив, туку нешто сосема обратно - да ги победам. Сепак, никогаш не сум криел дека сум голем фан на тимот, на нивното остварување во историјата, но и во обичниот свет, на нивните автомобили. Никој не знае што носи иднината, но во моментов не би можел да се видам во било кој друг тим освен Мерцедес. Уживам во борбата која ја имаме со Ферари“, изјави Хамилтон.

Најново во Авто-мото