ГО ЧЕКА РЕКОРДЕН ДОГОВОР

ХАМИЛТОН: Нема подобар од мене

Луис Хамилтон преговара со Мерцедес за условите на својот нов договор, кој барем според директорот на германскиот тим е само формалност...

објавено: 4 април 2018 - 22:15

Луис Хамилтон преговара со Мерцедес за условите на својот нов договор, кој барем според директорот на германскиот тим е само формалност...

Хамилтон го стигна својот најголем конкурент Себастијан Фетел, кој сега според бројот на победите, а кога е во прашање заработката, би можел и да го престигне...

„Договорот е скоро финализиран. Ние и Луис сме апсолутно на иста бранова должина. Но еден таков договор каков што е неговиот, содржи сто страници со многу точки. И тоа мора внимателно да биде подготвено"- вели директорот на Мерцедес, Тото Волф во интервјуто дадено за „Спорт Билд".

Хамилтон наскоро треба да потпише нов, тригпдишен договор кој годишно ќе му донесе по 45.милиони евра. Заедно со примањата од рекламите, 33 годишниот Британец ќе инкасира вкупно 150.милиони.

„Тото знае истото што го знам и јас. Од мене подобар нема" - самоуверен е актуелниот светски првак во Формула 1.

Во случај на реализација на договореното, под наведените услови, се разбира, Хамилтон би го „симнал" Фетел од тронот на најплатен возач во Ф1 шампионатот.
Германецот заработува „само" по 40.милиони во Ферари.

Најново во Авто-мото