ПРВИ ВПЕЧАТОЦИ ОД АВСТРАЛИЈА

Хамилтон несопирлив, Макс веднаш до него, Ферари во „втор план"

На првите два слободни тренинзи пред првата трка во сезоната во Мелбурн, најбрз беше актуелниот светски првак Луис Хамилтон, зад него Макс Ферштапен и Валтери Ботас

објавено: 23 март 2018 - 10:45

На првиот слободен тренинг Британецот имаше половина секунда помалку во однос на конкуренцијата која ја правеше неговиот тимски колега од Мерцедес, Ботас.

Со забелешка дека Ферштапен не возеше со најбрзата компонента на пневматици, исто како што тоа го направи и двоецот на Ферари, Себастијан Фетел и Кими Раиконен.
И на вториот тренинг Хамилтон повторно беше најбрзиот, но конкуренцијата се доближи, и тоа доста.
Пријатно изненади Роман Грожан кој беше подобар од Даниел Рикијардо, и го освои шестото место. Фернандо Алонсо на Мекларен беше осми, иако и и на првиот тренинг англискиот тим имаше доста проблеми.

Најново во Авто-мото