БРИТАНЕЦОТ ГИ ВООДУШЕВИ СОНАРОДНИЦИТЕ

Хамилтон незапирлив на „својот“ Силверстон

Возачот на Мерцедес по петти пат во кариерата славеше на Големата награда на Велика британија, со што се изедначи со легендарните Ален Прост и Џим Кларк

објавено: 16 јули 2017 - 15:44

„Најдобро е дома“... По таа девиза некако се раководеше денеска и Луис Хамилтон на трката за Големата награда на Велика британија. Без грешка возеше Британецот пред своите фанови на Силверстон, и стигна до четврттиот триумф во сезоната од шампионатот во Формула 1.

Или вкупно 57 во кариерата, но и петта за него на оваа патека со која сега е во ранг на две големи легенди на Формула 1, Алан прост и Џим Кларк.

Второто место го Зазема Валтери Ботас од Мерцедес, додека пак на третото место на победничкиот пиедестал се искачи Кими Раиконен од Ферари. 

Оваа трка, имнаку десетта во сезоната, не пружи некои особени возбудувања, освен во првите неколку кругови. Хамилтон возеше без грешка, и водеше од стартот до целта. а неговите противници во ниту еден момент не успеаја да испратат било каква закана.

Па така четврта сезона по ред трикратниот светски првак го освојува, односного брани Силверстон, што со оној триумф од 2008 година го става меѓу бесмртните.  

„Еден-два“ победата на „Мерцедес ја потвди Ботас, кој имаше голме профит поради проблемите кои ги имаше Раиконен со пневматикот, Финецот мораше да оди во бокс. Затоа неговиот тимски колега од Ферари Себастијан Фетел дојде и на позицијата број 3. Но и Германецот, поради истиот проблем исто така мораше да оди на промена на гумата,

Така Ботас остана на местото кое води на подиумот, додека екс шампионот заврши дури на позицијата 7. 

Најново во Авто-мото