ФОРМУЛА 1: БРИТАНСКИОТ ВОЗАЧ ЧЕКОР ПОБЛИСКУ ДО НОВА ТИТУЛА

Хамилтон останува владетел на Сузука, 50 јубилејна победа со Мерцедес (ФОТО)

Возачот на Мерцедес триумфираше на трката за Големата награда на Јапонија. Актуелниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон славеше на шест од последните седум трки на патеката Сузука. Откако во саботата дојде до 80. пол позиција, денеска дојде до својата 50. победа за својот тим.

објавено: 7 октомври 2018 - 09:03

Како втор заврши неговиот тимски колега Валтери Ботас (+12.919), додека трет низ цела помина Макс Ферстапен (+14.295) во Ред Бул Рејсинг.

После најдоброто трио во конечниот пласман следуваа Даниел Рикардо, Кими Раиконен, Себастијан Фетел, Серхио Перез, Роман Грожан, Естебан Окон и Карлос Сајнц.

На четири трки до крајот на Ф1 шампионатот лидер е Лус Хамилтон со 331 бод, пред Фетел со 264, а трет е Ботас (207). Остануваат уште трките во САД, Мексико, Бразил и Абу Даби.

„Целиот викенд беше неверојатен. Оваа патека е најдобрата во светот, секоја втора е само одлична забава", рече Хамилтон.

Најново во Авто-мото