МОЖЕЛ ДА БИДЕ И ФУДБАЛЕР

ХАМИЛТОН ОТКРИ ИНТЕРЕСНА РАБОТА: Венгер ме викаше да тренирам со Арсенал

Четирикратниот светски шампион Луис Хамилтон има огромен респект кон Арсен Венгер и откри дека францускиот стручњак го повикал да тренира заедно со другиот дел од „топчиите"...

објавено: 27 април 2018 - 17:05

Четирикратниот светски шампион Луис Хамилтон има огромен респект кон Арсен Венгер и откри дека францускиот стручњак го повикал да тренира заедно со другиот дел од „топчиите"...

„Ја имав таа привилегија да го сретнам неколку пати. Ме праша дали сакам да тренирам со тимот, сеуште не успеав во тоа, но секогаш беше пријатен и беше навистина пријатно да го запознаеш како шеф на тимот" - потврди Хамилтон за „конекцијата" со тренерот на Арсенал во заминување.

Не крие Британецот дека уште од „мали нозе" е фан на Арсенал, и дека Венгер има посебно место во тимот од Северен Лондон, заслужено со работата во изминатите повеќе од две децении.

„Лојалноста која ја прикажа низ оние успони и падови, позитивни и негативни коментари, сето тоа е сјајно што остана верен на своите вредности и го задржа она во што навистина верува" - нагласи асот на Формула 1 за оној од светот на фудбалот кој си заминува од главниот град на „Обединетото кралство".

На крајот на оваа сезона истекнува и неговиот договор со Мерцедес, но Луис потенцира дека и тој и тимот се посцветени на новиот, кој се очекува со месеци...

„Веќе на сите јасно им ставив на знаење како и на луѓето во тимот дека сакаме да продолжиме заедно, па затоа и ситуацијата е едноставна. Не морам да кажам дека дефинитивно ќе останам тука и следната сезона, а потоа не го направам тоа.Затоа се се сведува на тоа, односно завршување на преговорите и потпишување на нов договор"- истакнува Хамилтон

Најново во Авто-мото