БРИТАНЕЦОТ ДОБИ „ПОДАРОК“ НА ТРКАТА ВО СОЧИ

Хамилтон победи, а тагува: „Не сакав тоа да се случи“! (ВИДЕО)

Луис Хамилтон со победата во Сочи ја зголеми предноста пред Себастијан Фетел на 50 бодови, но неговиот триумф остави голема трага.

објавено: 1 октомври 2018 - 11:15

Имено, Британецот славеше така што неговиот тимски колега од Мерцедес Валтери Ботас го пушти пред себе и му подари победа. Па така, претходното престигнување на Хамилтон на Фетел падна во втор план.

„Не сакав тоа да се случи. Не беше добро чувството да се помине покрај Валтери. Не сакав да победам, но екипата сакаше да дојдам до триумфот", призна Луис Хамилтон.

До крајот на Формула 1 шампионатот останаа уште пет трки и само чудо треба да се случи Британецот да остане без петтата титула светски шампион.

„Ова е еден од најчудните денови во мојата кариера. Не се сеќавам кога сум бил прв и вака да се чувствувам. Му се заблагодарувам на Валтери за помошта, но мислам дека ова сепак не е фер", додаде Хамилтон.

Ботас објасни како дојде до пуштање на Хамилтон:

„Тимот одлучи дека Луис треба да победи и така тоа оди. Тој се бори за шампионската титула, јас не се плашам. Возач сум и сакам да победам. Ова малку боли, но го направив тоа за Мерцедес".

-МОМЕНТОТ КОГА БОТАС ГО ПУШТИ ХАМИЛТОН ДА ГО ПРЕСТИГНЕ (04:25 МИН.) ОД ВИДЕОТО-

Најново во Авто-мото