формула 1

Хамилтон победи во Франција и се врати на врвот во генерален пласман

Британецот славеше на трката на која стартуваше од пол позицијата

објавено: 24 јуни 2018 - 17:50

Луис Хамилтон со Мерцедес е победник на трката за големата награда на Франција. По пауза од 10 години Франција е домаќин на Ф1 трка, а Хамилтон имаше целосна доминација во текот на викендот. Британецот стартуваше од пол позицијата и не дозволи на трката да биде изненаден.

Место на пиедесталот имаше и за Макс Верстапен и Кими Раиконен, додека зад нив се најдоа Даниел Рикиардо и Себастијан Фетел.

Фактот дека Фетел заврши на дури петото место на оваа трка, му дозволи на Хамилтон сега да биде лидер во генералниот пласман и тоа со 14 бодови повеќе од германскиот возач. Следниот викенд се вози трката за големата награда на Австрија.

 

Најново во Авто-мото