НА ТРКАТА ЗА ГОЛЕМАТА НАГРАДА НА ЈАПОНИЈА

Хамилтон прв од почеток до крај, му се насмевнува титулата

Британецот кој стартуваше од полпозицијата, извозе сигурна трка и на крајот освои нови 25 поени

објавено: 8 октомври 2017 - 08:39

Луис Хамилтон ја зголеми предноста во генералниот пласман пред Себастијан Фетел, откако Британецот утрово триумфираше на големата награда за Јапонија. Хамилтон беше најбрз и на вчерашната трка за пол-позиција и денеска не дозволи никој да му ја загрози првата позиција.

Најголемиот ривал на Хамилтон во трката за титулата, Себастијан Фетел, извозе само четири клуга на патеката, па затоа не освои ниту еден бод.

Хамилтон сега има 331 поен во генералниот пласман и е за 59 поени пред Германецот Фетел (247 поени). Со оваа разлика, Британецот, речиси сигурно ќе ја освои титулата на крајот од првенството. Трет во генералнит пласман е Ботас со 234 бодови, додека Рикардо е со 192 поени. 

За лидерот во гернералниот пласман ова е по 115 пат да биде подиумот, а дури на 61 трка беше на највисокото место. Ова е трета победа за Хамилтон сезонава. Во кариерата по трет пат победува на Сузука.

Зад победникот, се најдоа двата болида на Ред Бул. Верстапен заврши како втор само 7 десетинки заостанување, додека како трет низ стартноцелната рамнина помина Рикардо. Ботас заврши на четвртото место. Петото место беше за Раиконен, а потоа следуваа Окон, Перез, Магнусен, Грожан и Маса. 

Најново во Авто-мото