ОТКАКО ГО ИЗРАМНИ НЕГОВИОТ РЕКОРД ВО МОНЦА

Хамилтон сака да знае како е Шуми

Асот на Мерцедес, Луис Хамилтон вели дека сака да знае каква е сегашната состојба на Ф1-легендата Михаел Шумахер

објавено: 5 септември 2017 - 09:55

Во Монца во саботата, Британецот го сруши рекордот на Шумахер со 69. пол-позиција. Шуми не е виден во јавноста од падот при скијање во декември 2013, кога доби сериозни повреди на главата, а неговото семејство прави се што е можно да спречи било какви информации за него.

„Би сакал да зборувам со неговата сопруга и да видам како одат работите. Времето ќе покаже“, вели Хамилтон.

По квалификациите во Монца, семејството прати порака до Хамилтон преку поранешниот шеф на Мерцедес и Ферари, Рос Браун.

„Тие сакаа да му честитаат за израмнувањето на рекордот на Михаел. Како што Михаел секогаш велеше - рекордите се тука да се рушат“, изјави Браун.

Хамилтон го замени Шумахер во тимот на Мерцедес во 2013 година, откако легендарниот Германец замина во пензија.

Најново во Авто-мото