НЕ Е ЗАДОВОЛЕН ОД ПРОМЕНИТЕ

Хамилтон се пожали, ја сака старата патека во Барселона

Титулата во Формула 1 ќе ја брани возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, но повеќе е од јасно е дека Ферари повторно ќе го даде својот максимум за да се врати на тронот.

објавено: 3 март 2018 - 10:00

Титулата во Формула 1 ќе ја брани возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, но повеќе е од јасно е дека Ферари повторно ќе го даде својот максимум за да се врати на тронот. Првите тестирања на новите болиди веќе почнаа, а возачите веќе имаа шанса да ја пробаат новата патека во Барселона.

На почетокот на оваа година патеката доби нова асфалтна подлога, која пак не им се допаѓа на дел од возачите, а своето незадволство го искажа Хамилтон.

„Не знам зошто ставаат нови подлоги на одредени патеки. Според мене тоа е непотребно трошење на пари. Колку асфалтот е постар има поголем карактер. Секогаш споредувам со куќа. Новата никогаш нема да има карактер како што има старата куќа. Патеката во Барселона го изгби своот карактер. Сега е многу рамна и нема никаков предизвик за нас. Претходно имаше некои специфични нерамнини кои ги сакавме", изјави Хамлтон.

Најново во Авто-мото