И ПОКРАЈ ИЗЈАВИТЕ ЗА ОДЛОЖУВАЊЕ НА ПРЕГОВОРИТЕ

Хамилтон сигурен дека ќе го продолжи договорот

Луис Хамилтон вели дека неговата иднина во Ф1 е одредена и дека ќе потпише нов договор со Мерцедес до крајот на сезоната

објавено: 31 август 2017 - 22:00

Договорот на трикратниот светски шампион завршува на крајот на 2018 година, а оваа недела шефот на Мерцедес, Тото Волф најави дека преговорите за договорот ќе бидат одложени до крајот на борбата за титулата. Пред Италијанското ГП во Монца, Британецот вели дека одлуката на Себастијан Фетел да остане во Ферари до крајот на 2020 година ги „разјаснило“ работите.

„Не знам да ли сите очекуваа тој да потпише тригодишен договор. Но, за мене и така не менува многу бидејќи планирам да го продолжам договорот со тимот, и ќе го направиме тоа при крајот на сезоната. Знам дека Тото кажа дека ќе почекаме до крајот на сезоната, но тоа е бидејќи јас така сакам. Нема брзање и има многу време“, вели Хамилтон, кој дојде во Мерцедес од Мекларен во 2013 година.

Најново во Авто-мото