ПОСЛЕДНОТО ИСТРАЖУВАЊЕ СО ИНТЕРЕСЕН РЕЗУЛТАТ

Хамилтон со популарноста го „стигнува“ и Шумахер

Луис Хамилтон е најпопуларниот Формула 1 возач и наскоро може да се споредува со Михаел Шумахер во неговите најдобри денови, вели последното испитување на јавноста во Ф1

објавено: 26 мај 2017 - 22:11

Резултатите на „Глобал фан сурвеј“ покажуваат дека Луис Хамилтон го помина Фернандо Алонсо како најпопуларен возач кај фановите, и најавуваат дека британскиот трикратен светски шампион е блиску до популарноста на легендарниот Михаел Шумахер во неговите најдобри денови.

Хамилтон доби 20.7% од гласовите, што е првпат еден возач да има над 20 отсто од времето на Шумахер во 2006 година. Алонсо е втор најпопуларен возач со 18.3%, по што следуваат Кими Раиконен (14.3%), Себастијан Фетел (13.4%) и Даниел Рикијардо (12.1%).

Најголемата поддршка Хамилтон ја има во Британија, со 47% од гласовите.

ТОП 10 ВОЗАЧИ ПО ПОПУЛАРНОСТ

1.Луис Хамилтон (Мерцедес) 20.7%

2.Фернандо Алонсо (Мекларен) 18.3%

3.Кими Раиконен (Ферари) 14.3%

4.Себастијан Фетел (Ферари) 13.4%

5.Даниел Рикијардо (Ред Бул) 12.1%

6.Макс Ферстапен (Ред Бул) 7.4%

7.Фелипе Маса (Вилијамс) 1.8%

8.Роман Грожан (Хас) 1.1%

9.Валтери Ботас (Мерцедес) 1.0%

10.Нико Хулкенберг (Рено) 0.8%

Најново во Авто-мото