СЕКОЈА СИТНИЦА Е ВАЖНА

Хас мораат да го сменат Т-крилото

Тимот на Хас доби наредба да го отстрани своето Т-крило пред вториот тренинг во Австралија и останува неизвесно дали тие ќе можат да го користат интересното решение на трката

објавено: 24 март 2017 - 16:49

ТВ-снимките од ВФ-17 болидот на Роман Грожан и Кевин Магнусен постојано покажуваше дека премногу се витка, по што ФИА реши да ја разгледа ситуацијата, бидејќи според правилата не се дозволени подвижни аеродинамички уреди.

Шефот на тимот, Гинтер Штајнер не знае дали тие повторно ќе возат со тоа крило.

„Го тестиравме крилото во текот на сите денови во Барселона и немавме проблеми. На вториот тренинг ни беше наредено да го тргнеме, но тоа функционира и би сакале да го имаме на болидот. Во Ф1 сè е до лимитот и секоја ситница важи многу“, вели Штајнер.

Најново во Авто-мото