ЛУИС ПРАВИ ШТО САКА, ВЕЛИ ЕКС-ШАМПИОНОТ

Хил: Мерцедес ќе го загубат Хамилтон ако не внимаваат

Поранешниот Ф1 шампион Дејмон Хил го предупреди тимот на Мерцедес дека мора да внимаваат во односот со нивниот возач Луис Хамилтон оваа сезона бидејќи постои опасност да го загубат за друг тим

објавено: 17 март 2017 - 18:40

Хил, кој стана шампион со Вилијамс во 1996 година, смета дека позицијата на неговиот британски сонародник во Мерцедес е сигурна по заминувањето на Нико Розберг, но предупреди да не се обидуваат да го контролираат возачот.

Минатата сезона, Хамилтон неколку пати го критикуваше Мерцедес по техничките проблеми по кои заостана зад Нико Розберг, а исто така беше незадоволен и од промената на механичарите меѓу колегите на стартот на сезоната. Тој исто така одби да ги послуша тимските наредби на последната трка во Абу Даби, обидувајќи се да го успори Розберг.

Оваа година негов партнер е Валтери Ботас, Финецот без ниту една Ф1 победа, и Хамилтон е очигледен број 1 во тимот.

„Луис е емоционален човек и може да дојде до ситуација во која ќе каже дека му е доста и веќе не сака да го прави ова. Тоа важи за секој возач, но тој има луксуз да го бараат и другите тимови. Мерцедес мораат да сфатат дали го сакаат Луис Хамилтон или не. Ако не оди добро за Луис, тогаш тој ќе го каже тоа“, вели Хил.

Најново во Авто-мото