НОВИ ГОЛЕМИ ВЕТУВАЊА ОД ЈАПОНСКИОТ ТИМ

Хонда побрза од Рено до крајот на годината?

Хонда може да ги „прескокне" ривалите Рено пред крајот на сезоната, ветува шефот на компанијата, Јусуке Хасегава

објавено: 7 август 2017 - 13:50

Од враќањето во Ф1 како снабдувач на мотори со Мекларен во 2015 година, Хонда е убедливо последна по перформансите зад Мерцедес, Ферари и Рено. Во текот на зимата тие го сменија дизајнерскиот концепт на моторот и се мачеа со перформанси и постојаност, а партнерите Мекларен се заканија со раскин на договорот.

Меѓутоа, во последните трки Хонда покажа прогрес, освојувајќи ги првите поени на Азербејџанското ГП во јуни, по што првпат имаа двајца возачи во поени во Унгарија.

„Ако продолжиме со истиот однос на зголемувањето на моќта ќе биде добро, но ќе биде тешко да се пристигне до нивото на Мерцедес или Ферари. Сакам да бидеме пред Рено во однос на перформансите пред крајот на сезоната. Не можам да ви ги кажам бројките, но ја намалуваме разликата. Сега сме најблиску до ривалите од нашето пристигнување“, вели Хасегава.

Најново во Авто-мото