ЈАПОНЦИТЕ РАБОТАТ НАПОРНО НА БОЛИДОТ

Хонда ветува повеќе моќност во моторите на Мекларен

Партнерството помеѓу Хонда и Мекларен не носи резултати во оваа сезона во Формула 1 шампионатот. Тимот досега освои само четири бода, а на последната трка во Канада и двата болида предвреме ја завршија трката поради механички проблеми.

објавено: 16 јуни 2015 - 21:47

Податоците покажаа дека Фернандо Алонсо и Џенсон Батон на правците на патеката „Жил Вилнев“ беа дури за 35 километри на час побавни од ривалите, а исто така имаа и проблеми со потрошувачката на гориво.

„Моторот ќе има поголема моќност во блиска иднина. Ќе ги искористиме токените и чекор по чекор и ќе ја зголемиме моќноста. Работиме многу напорно како еден тим, не само на моќноста на моторот туку и на шасијата и аеродинамиката“, изјави Јасухиса Араи, шефот на Хонда.

 

Најново во Авто-мото