ШЕФОТ НА РЕД БУЛ НЕ ЈА РАЗБИРА ОДЛУКАТА

Хорнер: Алонсо и Мекларен се целосно луди

Шефот на Мекларен, Зек Браун е „апсолутно луд" што дозволува Фернандо Алонсо да се трка на Инди 500 трката со толку мало искуство на овалните патеки, тврди шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер

објавено: 15 април 2017 - 09:00

Мекларен објавија дека двократниот светски шампион ќе го „прескокне“ Монако ГП на 28 мај за да се натпреварува на најголемата американска трка Инди 500 во соработка со Хонда и Андрети аутоспорт. Одлуката доаѓа откако Мекларен имаа катастрофален старт на сезоната.

„Знам дека му е тешко на Фернандо, а Зек го има проблемот на возач во депресија и сака да го мотивира. Но, мора да е целосно луд да го пушти на Инди 500. Тоа е најлудата трка која сум ја видел. Без тестирање ќе влезе во болидот? Искрено, мислам дека треба да одат на психијатар“, вели Хорнер.

Поради репутацијата на ризична трка, Хорнер вели дека не би им дозволил на неговите возачи Макс Ферстапен и Даниел Рикијардо да се тркаат таму.

„Мислам дека кога возач ќе се посвети на својот тим, а потоа оди на друга трка, е како да исчезне со друга девојна по половина година“, додава Хорнер.

Најново во Авто-мото