ПРОДОЛЖУВА „ГОЛГОТАТА“ АНГЛИСКИОТ ТИМ

И Фандорне се пожали: Мекларен го имаат најспориот болид

Фернандо Алонсо не е единствениот кој остро ги критикува Хонда, откако неговиот колега Штофел Фандорне потврди дека Мекларен е најспориот болид во спортот со моторите на јапонската компанија

објавено: 27 март 2017 - 22:30

Шпекулациите дека Мекларен се обидуваат да го раскинат договорот со Хонда и да набават мотори на Мерцедес во текот на сезоната не се единствени - се вели дека и Алонсо е подготвен да бара нов тим пред крајот на годината.

Сега, и белгискиот дебитант Фандорне беше критичен на ситуацијата во тимот.

„Единствена позитивна работа беше што ја завршив трката, бидејќи искрено, ниту тоа не го очекував. Не можевме да се бориме за ништо. Ни недостасува толку многу моќ што е невозможно да се бориме. Возиме во друга категорија. Дефинитивно сме последни. Не сум среќен, но тоа е нормално. Кога заостануваш 3 секунди, не можеш да уживаш. Бидејќи за нови делови ќе треба да помине време, следните трки ќе бидат исто толку тешки“, вели Фандорне.

 

Најново во Авто-мото