ОКОЛУ СКУДЕРИЈА НИКОГАШ НЕ Е „МИРНО“

Италијанците тврдат: Ферари има големи проблеми!

Од Ферари се обидуваат да ги избегнат тврдењата дека Формула 1 сезоната 2017 е проблематична и пред да почне зимското тестирање

објавено: 16 февруари 2017 - 20:25

Првите знаци беа во Торино оваа недела, кога претставниците на Ф1 тимовите присуствуваа на промоција на снабдувачот на гуми во Ф1, Пирели, но не беше присутен шефот на Ферари, Маурицио Аривабене.

„Не сум далеку од Маранело, но немав време да дојдам бидејќи имавме многу работа“, изјави Аривабене за италијанските медиуми.

По ова „тргнаа“ шпекулациите дека Ферари имаат катастрофална грешка во дизајнот на болидот за 2017, која се однесува на трик-суспензијата која ја имаат болидите на Мерцедес и Ред Бул. Ферари  од друга страна имаше многу „тивок“ зимски период за разлика од пред една година, кога најавуваа борба за титулата.

„Ќе биде непристојно да зборуваме за очекувањата. Правилата се сменија и овој болид ќе биде сосема различен од претходниот. Ги знаеме нашите квалитети и каков болид изградивме. Во тимот резултатите се според очекувањата, но ќе мораме да ги почекаме зимските тестирања за да бидеме сигурни каде сме во однос на конкуренцијата“, изјави портпаролот на Ферари, Алберто Антонони.

Најново во Авто-мото