ФЕРАРИ ПОТВРДИ

КАКОВ ТАТКО, ТАКОВ СИН: Мик Шумахер претставен во ФДА

Синот на легендарниот Михаел Шумахер и официјално е член на Ферари Академија.

објавено: 21 јануари 2019 - 09:30

Мик Шумахер, синот на седумкратниот Ф1 светски шампион Михаел Шумахер и официјално стана член на Возачката академија на Ферари (ФДА).

Веста за потпишувањето на тригодишниот договор Ферари ја потврди, а Мик во програмата за млади возачи влезе заедно со Калум Ајлот, Џулијано Алези, Маркус Армстронг, Роберт Шварцман, Енцо Фитипалди и Џанлука Петекоф.

„Воодушевен сум од партнерството со Ферари и дека мојата иднина во мотоспортот ќе биде во црвена, како дел од ФДА и како член на семејството на Скудерија Ферари. Ова е уште еден чекор во вистинска насока... Ќе сторам се за да го остварам сонот за тркање во Формула 1. Ферари има големо место во моето срце од кога сум роден и среќен сум што ја имам оваа можност", изјави Мик Шумахер.

Мик Шумахер, кој во март ќе наполни 20 години, лани ја освои титулата во европската „Формула 3", а оваа сезона ќе се натпреварува во „Формула 2".

Најново во Авто-мото