ПО КРИТИКИТЕ ОД ШЕФОТ МАРКИОНЕ

Кими: Го давам мојот максимум

Кими Раиконен вели дека го дава својот максимум за да добие подобри резултати во Ф1 по коментарите на претседателот на Ферари, Серџо Маркионе кој посочи дека Финецот „заостанува"

објавено: 9 јули 2017 - 22:30

Маркионе на Австриското ГП побара од Финецот да покаже „повисоко ниво на посветеност“, откако оваа година е во сенка на колегата Себастијан Фетел, кој е лидер во генерален пласман со 171 поени, додека Раиконен е само петти со 83 поени.

Договорот на Раиконен завршува на крајот на годината и неколку возачи се поврзувани со нговото место. Светскиот шампион од 2007, инаку последен на Ферари, не е премногу загрижен.

„Секако, и јас сакам да сум подобар. Но, можам да го давам само мојот максимум. Нормално дека се обидувам, но некогаш не е лесно“, вели Раиконен.

Најново во Авто-мото