ФИНЕЦОТ ВЕРУВА ДЕКА НАПРАВИЛ ДОВОЛНО

Кими не е задоволен само од резултатите

Кими Раиконен вели дека докажал дека се уште има доволно брзина да се натпреварува на највисоко ниво во Формула 1 оваа сезона

објавено: 9 август 2017 - 09:00

Иако има освоено само два поени повеќе во споредба со истиот пероид во 2016, Финецот верува дека условите и несреќата придонела резултатите да не ја покажуваат вистинската брзина.

„Лично, воопшто не сум задоволен со резултатите. Сакам да победувам, сакам да бидам на врвот постојано и оваа година тоа не беше случај често. Имаше доста работи кои се случија и за кои ја платив цената. Мислам дека имам доволно брзина и не сум загрижен за тоа, туку само треба да дојдат работите на свое место“, вели Раиконен.

Се верува дека Ферари сакаат да ги задржат Фетел и Раиконен, кои се заедно од 2015, и следната сезона, иако претходно оваа сезона претседателот на тимот од Маранело, Серџо Маркионе го предупреди Раиконен дека мора да го крене нивото. Самиот Финец е тивок околу плановите за иднината.

„Не сум среќен од моите пласмани оваа година, но тоа не можам да го сменам. Дали е тоа доволно за иднината? Не знам, ќе дознаеме наскоро. Тимот знае што сакам јас и тие ќе изберат што е најдобро за нив“, вели Раиконен.

Најново во Авто-мото