ИТАЛИЈАНСКИОТ ТИМ ОФИЦИЈАЛНО ПОТВРДИ

Кими останува во Ферари и следната година

Кими Раиконен ќе остане во тимот на Ферари и следната сезона, откако славниот италијански тим потврди дека Финецот го продолжил договорот и за 2018 година

објавено: 22 август 2017 - 15:10

Популарниот светски шампион од 2007 година ќе наполни 38 години во октомври и ќе останеше без договор на крајот на годината со многу амбициозни возачи во потрага за местото во Ферари. Иако тој нема победа од времето кога беше во Лотус во 2013 година и е само петти во генерален пласман во споредба со колегата, лидерот Себастијан Фетел (кој има пет победи во 11 трки), во Ферари веруваат дека тој е вистинскиот одговор за нивниот тим.

Раиконен прво возеше за Ферари од 2007 до 2009 година, по што се врати во 2014 година.Договорот на Себастијан Фетел исто така истекува на крајот на сезоната, и се очекува и тој да потпише продолжување на договорот, и тоа на повеќе години (нормално со повеќе пари). 

Најново во Авто-мото