ИМА СИГНАЛИ НА ПОДОБРУВАЊЕ НА СОСТОЈБАТА

Ќе се случи ли чудо со Шумахер?

Според германското списание „Бунте“, ситуацијата со поранешниот седумкратен шампион во Формула 1 дава надеж 

објавено: 11 ноември 2017 - 09:45

Сите љубители на Формула 1 „циркузот“ со нетрпение чекаат да слушнат добри вести, за најтрофејниот возач, Михаел Шумахер. Легендарниот германски возач, веќе со години е во кома, откако имаше тежок пад, по кој ја удри главата, за време на скијање во Франција. 

По тој инцидент, Шумахер се бори за живот, а оскудни се информациите околу неговата состојба. Според многумина, ќе биде вистинско медицинско чудо, доколку Шумахер успее да се опорави. 

Германското списание „Бунте“, објавува дека по четири години, ситуацијата со легендарниот возач, полека дава позитивни сигнали. „Жена му Корина и децата се надеваат дека медицинското чудо ќе се случи. Надежта не е умрена“, стои во цитат од пишувањето на списанието. 

Шумахер е во клиника во близина на неговиот дом во Женева. Според информациите, лекувањето чини 120.000 евра неделно, а за него се грижат 15 физиотерапевти и медицински сестри во текот на 24 часа од денот. 

Најново во Авто-мото