ДА, И ТОА Е МОЖНО...

Кој вели дека Хамилтон не вози Ферари?

Новиот светски првак во Формула 1, своите титули го освојуваше во болидите на Мерцедес и Мекларен, но приватно вози нешто сосема поинакво, и пред се конкурентско

објавено: 21 декември 2017 - 11:30

Луис Хамилтон го победи Себастијан Фетел од Ферари во трката за шампион на светот во Формула 1.

Но откако на социјалните мрежи се појавија некои фотографии во кои се гледа како Британецот приватно управува болид со знакот на „црното коњче", може да се соочи и со посериозн проблеми, особено од групацијата „Мерцедес", од која зема мнoгу, многу пари...

Јавноста дозна дека Хамилтон поседува еден персонализиран модел „Лаферари", кој претставува вистински суперавтомобил чија вредност е проценета на милион фунти.
Овој ексклузивен модел е произведен во само 499 примероци, до него тешко се стигнува, па дури и ако сте еден од побогатите во „најбрзиот циркус на светот"- Формула 1.
А дека Хамилтон поседува еден од најпрестижните автомобили на светот откри канадскиот глумец и комичар, Ендрју Бачелор, кој е голем пријател на новиот светски шампион во Ф1.

Најново во Авто-мото