ЈАПОНЦИТЕ НЕ МОЖАТ ДА НАЈДАТ ВТОР ТИМ ЗА 2018

Колапс на преговорите Торо Росо-Хонда

Преговорите за партнерство на Хонда и Торо Росо пропаднаа, јавува „Аутоспорт"

објавено: 17 август 2017 - 21:15

Хонда сака да има и втор тим покрај Мекларен, а по обидите да се склучи партнерство со Заубер, се веруваше дека малиот италијански тим Торо Росо ќе биде „излезот“, и покрај тоа што јуниорскиот тим на Ред Бул има договор со Рено за следната година.

Се верува дека причината за неуспехот е во финансискиот дел од договорот. За Хонда ова е дополнителен проблем, бидејќи уште не е сигурно дали Мекларен ќе сака да продолжи по новата сезона полна со разочарувачки резултати. Ферари и Мерцедес веќе јавно кажаа дека нема да им даваат мотори на Мекларен, така што единствена опција станува Рено, кои веќе имаат три тима  со себе.

Најново во Авто-мото