ИАКО СО СКРАТЕНИ СПОНЗОРИ

„Крештор“ добивал понуди за враќање во Ф1!

Пастор Малдонадо вели дека одбил можност да се врати во Формула 1 оваа сезона бидејќи местото кое му било понудено не било доволно конкурентно, но не ја отфрла можноста за кам-бек во иднината

објавено: 21 мај 2017 - 21:15

Венецуелецот, кој остана познат по неговите судири, но и по единствената победа во кариерата, беше заменет од Кевин Магнусен во Рено пред стартот на сезоната 2016 година.

„Имам доволно искуство и имав шанси да се вратам оваа година во Формула 1. Бев блиску до кам-бек, но решив да не го правам тоа. Кога немам добро чувство и немам гаранции, тогаш е подобро да се држам подалеку од Ф1“, вели Малдонадо.

Тој беше во Ф1 со лично спонзорство од страна на ПДВСА, националната компанија за нафта и гас на Венецуела, која трошеше околу 46 милиони долари годишно на него. 

Најново во Авто-мото