СЕДУМ ГОДИНИ ПО СТРАШНАТА НЕСРЕЌА

Кубица е 100% подготвен да се врати во Формула 1!

објавено: 30 ноември 2017 - 17:00

Роберт Кубица е подготвен да го одработи целиот тркачки викенд во актуелниот болид на Формула 1, потврдува Педи Лов, техничкиот директор на Вилијамс во пресрет на очекуваната потврда за враќање на Пољакот во 2018 година.

Веќе некое време во Вилијамс ја разгледуваат можноста да го ангажираат Роберт Кубица, кој уште во февруари 2011 година, доживеа тешка несреќа на една рели трка, кога се здоби со тешки повреди на десната рака.
Причина поради која мораше да го напушти светот на Ф1...
Но по тестовите со стариот болид на Силверстон и Хунгароринг, пред извесно време Кубица тестираше и со актуелниот ФВ 40 болид во Абу Даби.
По сто одвозени кругови во утринскиот дел на првиот тестирачки ден, техничкиот директор на Вилијамс Педи Лов вели дека Кубица е подготвен за целиот тркачки викенд во никогаш побрзите Ф1 болиди.

"Роберт заврши сјајна работа. Срежни сме со бројот на круговите кои ги одвозе, и воопшто со комплетното возење. Неговите повратни информации се многу добри. Тој е возач со огромно искуство и знаење. Негова работа е да биде професионален возач, а неговата самодоверба може да се почувствува во гаражата. Затоа сите се среќни со Роберт"- изјави Лов.

Освен Кубица, кандидати за второто место, покрај она на Строл, се и Паул Ди Реста, Данил квјат, и Сергеј Сироткин

 

Најново во Авто-мото