ШАНСИТЕ НА ПОЛЈАКОТ СЕ НАМАЛИЈА

Кубица не е на „листата“ на Рено за 2018

Шефот на Рено Спорт Ф1, Сирил Абитебул ги „уништи" надежите на фановите на Роберт Кубица за можен кам-бек во 2018 година по тестирањето во Валенсија

објавено: 19 јуни 2017 - 17:40

Кубица, кој во 2011 имаше тежок судир на рели-трка и загуби дел од подвижноста на раката, тестираше со Лотус-Рено Е20 од 2012 година во Валенсија, каде што покажа ветувачки резултати и помина должина на цела ГП трка.

Поради слабата форма на Британецот, Џолион Палмер, Рено не кријат дека ќе ги разгледаат опциите за следната сезона, но на врвот на листата е Фернандо Алонсо, додека Кубица го нема таму.

„Знам дека спортот е полн со шпекулации, но во овој случај треба да бидеме внимателни, бидејќи се работи за човек кој го сакаме, со фантастичен имиџ, кој помина низ тешка ситуација. Не сакам да креираме очекувања кај фановите, но и кај Роберт. Имаме договор со Нико Хулкенберг на повеќе години, а оваа година со Џолион. Ќе ги разгледаме опциите“, вели Абитебул.

Најново во Авто-мото