ПОЛЈАКОТ ОСТАНУВА СО ИСТИОТ СОН

Кубица сака „вистински“ кам-бек во Ф1

Роберт Кубица посочи дека целта е да има „вистински кам-бек" во Формула 1 по неодамнешниот тест со Рено во Валенсија

објавено: 11 јуни 2017 - 21:25

Возејќи Лотус Е20 болид од 2012 година во боите на Рено, Кубица комплетираше 115 кругови на патеката Рикардо Тормо во вторникот во „кондензирано ГП искуство“, како посочија од францускиот тим. Ова беше негов прв тест во Ф1-машинерија од судирот на рели во Италија во 2012 кога за малку ќе останеше без раката.

Полјакот веднаш по тестот изјави дека е задоволен, но дека дознал „што загубил“ со долгото отсуство. И покрај ова, шпекулациите дека тој може да го замени Џолион Палмер во Рено Ф1 продолжија

„Ова е некој вид на нов старт за мене. Не знам што ќе донесе, но добро е чувството да се знае дека можам да возам Ф1 болид по толку тежок период и со толку ограничувања. Знам дека можам да бидам брз и дека можам да возам цела ГП трка, и тоа ме прави горд и среќен. Многу работи не зависат од мене, но ќе работам и се надевам еден ден ќе имам шанса за вистински кам-бек“, изјави Кубица.

Најново во Авто-мото