ДОБРИ ВЕСТИ ЗА ФАНОВИТЕ НА ПОЛЈАКОТ

Кубица се враќа на Ф1-тест првпат од 2011!

Роберт Кубица се подготвува за првиот Формула 1 тест по крајот на неговата Ф1-кариера пред шест години, бидејќи утре ќе добие шанса да вози болид на Лотус од 2012 на патеката во Валенсија

објавено: 5 јуни 2017 - 17:30

Кубица, кој беше сметан за еден од најталентираните возачи во спортот, последен пат возеше Ф1 болид на патеката Рикарди Тормо во февруари 2011, неколку дена пред да има страшен судир во рели-трка во Италија и да добие сериозни повреди на раката.

Откако направи кам-бек на тркачките болиди минатата година, тој тестираше ГП3 автомобил во Италија, Формула Е болид во Донингтон Парк и автомобил за Ле Ман трки во Монца. Тој исто така требаше да учествува во Светскиот ендуранс шампионат (ВЕЦ) со тимот на „Бај Колс“, но се повлече пред стартот на сезоната.

Во вторник, заедно со тест-возачот на Рено, Сергеј Сироткин ќе вози Лотус Е20 шасија од 2012 година.

Најново во Авто-мото