КОЈ ЧЕКА, ЌЕ ДОЧЕКА, МАКАР И ПО ОСУМ ГОДИНИ...

КУБИЦА СЕ ВРАЌА: Постигна договор со Вилијамс

Полскиот автомобилист Роберт Кубица наредната сезона ќе вози повторно во Формула 1, и тоа за тимот на Вилијамс. Потврдата се очекува за некој ден, за време на Големата награда на Абу Даби, последната трка во оваа сезона.

објавено: 22 ноември 2018 - 11:00


Полскиот автомобилист Роберт Кубица наредната сезона ќе вози повторно во Формула 1, и тоа за тимот на Вилијамс. Потврдата се очекува за некој ден, за време на Големата награда на Абу Даби, последната трка во оваа сезона.

На тој начин Кубица ќе се врати во Формула 1 циркусот по цели осум години затоа што поради тешките повреди кои ги доби за време на едно рели во Италија, неговата кариера изненадувачки беше прекината.
Пољакот се здоби со тешки повреда на десната рака поради што движењата и понатаму му се лимитирани, но тоа не му сметаше да се врати во болидот.
За прв пат после несреќата, Рено му пружи шанса на Кубица да тестира во текот на минатото лето. Поради добрите резултати, подоцна влезе во конкуренција за место во Вилијамс, но тоа го зазема Русинот Сергеј Сироткин, па Кубица мораше да се задоволи со улогата на тест-возач.
Сепак, во последните неколку недели во Вилијамс не криеја дека ја разгледуваат и таа опција – да биде тркач во наредната.
На почетокот на овој месец се појавија информации дека Кубица е прв пик на британскиот тим, кој потоа му даде и официјална понуда.
Вилијамс веќе го потврдија Џорџ Расел како еден од своите возачи, а се очекува тоа да се случи денеска во Абу Даби, каде својата последна трка ја возеше уште во ноември, 2010 година.
Во Формула 1 Пољакот дебитираше на Големата награда на Унгарија во 2006 година. И од тогаш забележа 76 стартови како возач на БМВ Заубер и Рено. Најголем успех му е триумфот во Канада во 2008 година, а уште 11. пати се искачи на победничкиот пиедестал

Најново во Авто-мото