НОВИТЕ ГАЗДИ ВО „ОФАНЗИВА“ ЗА ПОВЕЌЕ ТРКИ

„Либерти“ сака многу повеќе од 21 Ф1-трка

Новиот комерцијален шеф на Ф1, Шон Бречис вели дека календарот сигурно ќе расте многу повеќе од предвидените 21 трки во 2018 година

објавено: 3 јуни 2017 - 22:30

Новите сопственици на спортот, американската компанија „Либерти медија“ има план да влезе во „офанзива“ да се најдат нови трки и да има многу повеќе тркање во спортот. „Либерти“ стана сопственик во јануари, по што се раздели со долгогодишниот шеф Берни Еклстоун, и сега фокусот е кон пазарите како САД.

Ф1 во 2018 ќе има една дополнителна трка, откако Франција и Германија ќе добијат трки, а Малезија заминува по крајот на договорот.

„Сакаме да бидеме партнери со тимовите за да утврдиме каде ќе одиме, но нашиот став е јасен - би сакале да одиме над 21 трка. Мораме да бидеме активни и да влеземе во офанзива на пазарите кои ги сакаме. Кога ќе го најдеме оптималниот календар, можеме да одиме понатаму“, вели Бречис.

Најново во Авто-мото