ПРОМЕНИ ВО ТЕХНИЧКИОТ СОСТАВ НА ШАМПИОНОТ

Лоув замина од Мерцедес

Извршниот директор на Мерцедес Ф1, Педи Лоув си замина од шампионскиот тим пред трансферот во тимот на Вилијамс

објавено: 10 јануари 2017 - 17:30

„Аутоспорт“ уште пред Нова Година објави дека Лоув ја прифатил понудата од Вилијамс, импресиониран од амбициите на независниот тим. Лоув беше клучен човек при освојувањето на трите последователни светски титули на Мерцедес, но неговата иднина стана неизвесна по крајот на договорот.

Преговорите со шефот на Мерцедес Моторспорт, Тото Волф се одложија до крајот на сезоната 2016, но на крајот тој не прифати да остане.

Овој случај е интересен бидејќи доаѓа во исто време кога Мерцедес преговара со англискиот тим за трансфер на Финецот Валтери Ботас. Постоеја шпекулации дека Мерцедес ќе му дозволат на Лоув веднаш да почне со работа во Вилијамс, доколку се склучи овој договор.

Главниот технички директор на Вилијамс, Пет Симондс си замина од тимот на крајот на годината и се очекува Лоув да има поголема улога во водење на тимот, бидејќи самиот изјавуваше дека сака да биде во лидерска улога.  Се очекува Мерцедес да го ангажираат поранешниот технилки директор на Ферари, Џејмс Елисон како замена за Лоув.

Најново во Авто-мото