СО ДЕВЕТОТО МЕСТО ВО МЕКСИКО

Луис Хамилтон е новиот светски шампион во Ф1, по четвртти пат!

Возачот на Мерцедес ја обезбеди својата титула број 4 во светскиот шампионат од Формула 1, откако заврши како деветтопласиран на трката во Мексико на која триумфираше Макс Ферстапен во болидот на Ред Бул.

објавено: 29 октомври 2017 - 22:00

Нема како него некој друг во историјата на авто-мото спортот, посебно во Велика Британија.

Луси Хамилтон е новито светски шампион во Формула 1, откако вечерва, на трката за Голематнаграда на Мексико стигна до посакуваното. Да обезбеди недостижна предност во однос на својот единствен конкурент за првото место – Себастијан Фетел.
За третата титула како возач на Мерцедес на Британецот му беше доволно петото место на една од последните три трки во шампионатот. Но и покрај лошиот резултат во Мексико Сити, ја постигна својата првична цел.


Неговиот главен конкурент за титулата заврши на позицијата број 4, затоа што и едниот и другиот загубија многу на стартот на трката во која имаа и „контакт".
Предноста на новиот шампион пред последните две трки падна на 56. бодови. Но Фетел може да освои најмногу 50, па затоа остана без шанса да го загрози Хамилтон, кој ја освои и својата трета титула во последните четири години и се погрижи Мерцедес да ја продолжи својата доминација кај конструкторите, затоа што лани шампион беше Нико Розберг.

Својата прва титула Луис Хамилтон ја освои во 2008 година, а оваа недела му се придружи на едно одбрано друштво во кое се само четворица возачи. Според бројот на освоените титули Хамилтон се израмни со Фетел и Ален Прост, а повеќе од нив имаат само великаните Хуан Мануел Фанџо – пет и Михаел Шумахер – седум!
Оваа 18. трка по ред во шампионатот практично беше решена на самиот старт кога Макс Ферстапен ги надмудри Фетел и Хамилтон кои има „блиска средба" во борба за позицијата. Во таа „битка" настрада предното крило на болидот на Германецот, односно задниот пневматик на сега веќ новиот шампион. Па двајцата мораа да заминат во боксот, и со тоа да паднат на последните позиции во поредокот.
Поради тежината на проблемот Хамилтон поспоро одвозе до своите механичари, и тогаш стана јасно дека ниту еден од нив двајца не може да дојде до место на подиумот.
За голема радост кај британскиот автомобилист, кој навистина има зошто да слави во Мексико Сити.

Тој е новиот свестски шампион!

Најново во Авто-мото