НОВА ПОЛ-ПОЗИЦИЈА ЗА БРИТАНЕЦОТ

Луис Хамилтон пишува историја, се израмни со Шуми!

Возачот на Мерцедес ја освои првата стартна позиција на квалификациите за ГП во Белгија, и сега има ист број на пол-позиции во кариерата како и германската легенда - по 68...

објавено: 26 август 2017 - 16:01

Иако на третиот слободен тренинг доминираа возачите на Ферари, Луис Хамилтон повторно покажа дека е најдобар кога е за тоа најпотребно.

Постави време од 1:44, 184 минути, или само 91 илјадит дел од секундата беше побрз од лидерот во генералниот пласман Себастијан Фетел.
Трет беше возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, а на четвртата места се позиционираше другиот возач на Ферари, Кими Раиконен, кој одново разочара затоа што имаше далеку подобра форма на оние слободни тренинзи.
Трката за големата награда на Белгија која се вози на патеката Спа Франкошамп е закажана за недела, во 14.часот.
А ова ќе биде и рекорден 68. пат во кариерата на британскиот возач, Луис Хамилтон како ќе тргне од најдобрата стартна позиција.
Исто како што тоа во својата блескава кариера направи и легендарниот Германец, Михаел Шумахер.

 

Најново во Авто-мото