ГОЛЕМАТА НАГРАДА НА СИНГАПУР ЗА БРИТАНЕЦОТ

Луис одличен, ја освои и „Марина беј“

Ништо скоро не се промени на патеката во оние шеесет и неколку круга.
Луис Хамилтон стартуваше како прв, и заврши на таа позиција. Макс Ферстапен тргна и заврши како втор, додека на позицијата број 3 беше и остана, Себастијан Фетел.

објавено: 16 септември 2018 - 16:12

Ништо скоро не се промени на патеката во оние шеесет и неколку круга.
Луис Хамилтон стартуваше како прв, и заврши на таа позиција. Макс Ферстапен тргна и заврши како втор, додека на позицијата број 3 беше и остана, Себастијан Фетел.

Ферстапен а не Фетел беше многу поголема закана за лидерската позиција на Британецот во целиот тек од трката во „Марина беј".

Пред крајот на трката, Ферстапен се симна и на нешто над три секунди зад времето на Хамилтон, додека како одминуваа оние последни кругови, заостанувањето на Германецот во однос на водечкиот двоец беше се поголемо и поголемо.

Во 58. круг од трката беше скоро половина минута, што беше знак дека Фетел има проблеми со болидот.
Тоа индиректно значи дека Хамилтон само ја зголеми и онака високата предност во однос на германскиот возач во болидот на Ферари, на цели 40.бодови.
Британецот кој мина прв низ целта, со време 1:511.11 минути, сега има четириесет бодови повеќе во однос на најголемиот конкурент за титулата, барем во овој момент, Себастијан Фетел, додека трет е неговиот клупски колега, Кими Раиконен.

Ова е негова четвртта победа на „Марина Беј“ патеката во неговата кариера.

 

Најново во Авто-мото